Земји
Земјите на THE BRIDGE
Подолу можете да ги видите сите имагинарни земји кои до сега учествувале во барем едно издание на THE BRIDGE, како и да прочитате кратка биографија за постанокот и суштината на истите. Најдолу, под биографиите, е поставена и мапа на сите земји, осмислена и дизјанирана од делегатот на UNITED ISLANDS OF OLLEGAARD Александар Аргиловски.
ANGELLAND
Angelland е земјата на паднатите ангели. Небото никогаш таму не се затемнува: кога е ноќ-добива пурпурна нијанса. Жителите се проколнати на вечна заљубеност во нешто што сѐ уште не постои, па така, целиот свој живот го поминуваат трагајќи по совршениот партнер. Лоцирана е во вакуум-простор помеѓу небото и земјата и до неа не може да допре човечко битие. Жителите можат да ги гледаат луѓето, но никако не смеат да остварат контакт со нив. Во Ејнџелленд постојано се твори: музика, поезија, проза... Секој жител е креативно талентиран. Советот, составен од најстарите жители, на чело со NeYo (НеЈо), моментално одлучува за датум на кој, еднаш годишно, жителите на Ејнџелленд ќе имаат можност да се симнат на земјата и да променат нечиј живот.
Делегат: Ненад Јованов
ANIMA CHORDAS
Anima Chordas е земја која што нема географски одредена област, нема политички гледишта, но се основа на душевното постоење и самите државјани пробуваат да функционираат во една прекрасна хармонија како акорд, па од таму доаѓаат и корените на самото име на земјата, од латинските зборови за душа и за акорд. Се зборува наоколу дека тајни сопственици на државјанство од оваа земја се голем дел од веќе воспоставени имиња во музиката и јавна тајна е дека врвот на музичката кариера се крунисува со членување во ова општество. Не ретко се случува да некој го изгуби државјанството, во случај на создавање музика која што има политички или финансиски цели или музика која што е без емоции. Легендата вели дека Anima Chordas ја има тајната на бесконечниот живот и ја користи само за да ги заштити чистите души кои што својот живот се решиле целосно да го посветат на музиката и уметноста.
Necessary quote: "Now I've heard there was a secret chord, That David played, and it pleased the Lord..."
Делегат Филип Пендовски
APRICUS
Априкус е мала држава богата со природни ресурси што со години наназад ја правело мета на големите ѕверки-држави. Нејзиното население често било поробувано, измачувано и малтретирано од страна на окупаторските сили.
Но тоа што последните окупатори на Априкус не успеале да го предвидат се малите староседелски племиња кои живеат скриени длабоко во шумите и се единствените кои го негуваат јазикот на сонцето. Кога народот почнал да губи надеж дека ќе ги преживеат окупаторските напади, овие мали племиња со помош на јазикот на сонцето успеваат да го утилизираат својот најсилен ресурс во борбата против окупаторите - природата.
Главна карактеристика на населението на Априкус е тоа што тие и после сите маки кои ги имаат претрпено низ текот на годините, тие секогаш наоѓаат сила да останат позитивни и полни со надеж дека иднината ќе биде помилосрдна према нив.
Делегат: Давор Димоски
ARHADISTAN
Островска област сместена во Индискиот Океан. Богата земја со благородни метали, ливади, полиња и планини. Народот живее едноставен живот на рудари и земјоделци. Некогашната тоталитарна власт на лозата на Архадиј(Archadius) е уништена од Влад I, идеолог кој успешно го убил Архадиј 17 во 5-тото доба на развој. Името Архадистан останува како потсетник на болната историја. Револуционерно пост-тоталитарното општество се ориентира кон анархо-синдикални области во кои на промена на годишното време се избира „претседавач“ кој функционира како лидер, меѓутоа сите одлуки се донесуваат со 2/3 мнозинство на локалното население. Не знае за народ надвор од границите.
Делегат: Владимир Настовски
AVOITA
Меѓусостојба помеѓу планетата Земја и Марс која е всушност црна дупка во која се апсорбира идеалниот живот кој сака посетителот да го проживее базирано од претходните животни искуства на останатите планети. Бројот на жители не е можно да се процени, но едно е сигурно... има само наталитет. Енергиите кои се собираат на ова место се вистинска претстава за двојниот живот на суштествата на останатите планети, каде надвладува оној замислен тек на настаните во нашата имагинација игнорирајќи ги проблемите од секојдневието. Ова е процес на либерализација, daydreaming претворен во реалност, но и одржување на идеалната status-quo состојба на умот и животот креиран според искуствата од доживеаните моменти до денот кога добиваш траен престој и преселуваш во AVOITA. Назад нема, остануваш жител на AVOITA, a за одржување на балансот на енергијата во оваа меѓусостојба, од неа се исфрлаат AR (Augmented reality) streaming снимки (subatomic particles) декодирани за суштествата од другите места во галаксиите во вид на аудио-визуелен продукт кој всушност ја претставува AVOITA на различни натпреварувања. Мотото на жителите е „IN VOIDO VITA“ што значи „ЖИВОТОТ Е ВО НИШТОТО“.
Делегат: Кенан Таир
BLUELAND
BLUELAND е островска земја која се наоѓа во северниот атлански океан.Главниот град се вика ИГ ОХ и се наоѓа во источниот дел од Блуленд.Најблиска единствена држава е Португалија на исток. Во официјалниот Блу јазик строго и исклучиво се користат само убави и пријатни топли зборови. Доколку некој не го почитува тој најважен главен закон во државата, ќе мора веднаш да го напушти Блуленд. Блуленд е посебен и вистински рај на земјата со неодоливи сини плажи, единствен тиркизен песок и сини раскошни палми.Температурата преку целата година е од 25 до 35 целзиусови степени. Тука единствено најважно правило е секој жител да биде потполно среќен и да живее како секој ден да е последен.Секој го работи тоа што најмногу го исполнува и сака, и е најдобар во својата професија. Тука музика се слуша и се танцува 24/7. Блуленд е познат по најубавиот Блу коктел кој се прави само тука. Исто така главен симбол е посебниот вид на преубавите сини мачки кој живеат само тука и се заштитени со специјален закон. Сите жители се движат во главно пеш или со специјални сини велосипеди.
Делегат: Игор Димоски
DELILAHLAND
DelilahLand е држава којашто има поминато низ многу политички системи, од авторитарност, диктатура, демократија- па се до денешниот систем на внатрешно уредување којшто е уникатен во своето функционирање- делајлантура. Државјаните на Делајлаленд- уште познати и како делалјанци/делалјанки треба да ги почитуваат некои од многу важните начела од уставот на оваа држава, како на пример:
- Секој има право на топла вода, топлина во зима и кров над глава,
- Секој има право да умре, но не е задолжително;
- Секој има право да љуби;
- Кучињата имаат право да бидат кучиња,
- Мачките не е задолжително да ги сакаат своите сопственици, но мора да помогнат во неволја;
- Секој има право да е среќен;
- Секој има право да е несреќен,
- Секој има право да плаче;
- Секој има право да го слави или да не го слави својот роденден
- Секој има право да не се предаде
Делегат: Ангел Димитриевски
DELULU ISLAND (претходно DELIRANT ISLAND)
Delulu Island е мал остров кој се наоѓа некаде во некој си океан. Неговата локација не може да се пронајде на ниту една мапа, ниту пак некој знае како стигнал таму, што понекогаш не тера да се запрашаме дали овој остров воопшто постои. Островот сам по себе е прекрасен, опкружен со песочни плажи, полн со природни извори, богата флора и фауна. Самиот остров е во состојба на заблуда и некои работи се доста нелогични, како на пример поларните мечки кои живеат таму, а климата е тропска. Добрата страна на неговата мистериозност е што никој не му пречи, никогаш не бил колонизиран ниту пак експлоатиран. Населениците на овој остров се нашле овде кога им било најпотребно, во моменти на длабока заблуда и делириум кога не се баш свесни за себе и за она што им се случува. Не прифаќајќи ја нивната душевна состојба и реалност, последен спас им е токму Délirant Island каде што ќе си ја "тераат" нивната заблуда не знаејќи што се и кај се, ова е нивниот сопствен свет каде што само тие се важни.
Moto: Never underestimate the human capacity for delusion.
Делегат: Симона Досева
DISCOTHEQUE (ДИСКОТЕКА)
Дискотека е држава каде летото е вечно, деновите се топли и долги и луѓето се пријателски настороени. Танцувањето и музиката се во сржта на луѓето и се дел од културата на народот. По закон секој мора да излезе на забава барем еднаш недело и да танцува со други луѓе и да се социјализира. Телефони на забавите не се дозволени.
Еднаш месечно секој граѓанин мора да ја достави својата песна омилена песна од месецот во министерстово за култура. Потоа тие песни се пуштаат од ДЈ-ови низ државата заедно со дрег кралици на турнеа на настани спонзорирани од министерството. Присуство е задолжително и се смеата за криминал “големо предавство” ако не се присустува на овие забави.
Државата е водена од квир луѓе бидејќи тие знаат како да ја истераат работата до крај како што треба. Квир е норма, т.е. цис-хетеро луѓето се “настрани” во овоа општество. Нивното постоење не е препознаено од правната легислатива на државата. Моменталната најголема општествена дебата е дали да му се додели право на граѓанска заедница на хетеро луѓето. Се уште сме во дебатна фаза, мора сите страни да се слушнат.
Туристи не се дозволни.
Делегат: Дејан Сламков
DUPLA VOTKA
Во тропската земја Dupla Votka, луѓето се познати по нивната љубов за забава и добар провод. Знамето, со своите сјајно-жолти банани, цветот и капчето, се симболите на нивниот безгрижен дух. Главниот град, Банана Бич, е раскошна метропола со игрив ноќен живот и бескрајни можности за авантури. Туристи од целиот свет доаѓаат да ја почувствуваат неговата уникатна мешавина од култура и возбуда. Граѓаните на Dupla Votka се горди на своето културно наследство и традиции, но се исто така отворени и за нови идеи и начини на живот. Почитуваат различности и секого пречекуваат со раширени раце. И покрај предизвиците кои ги носи малата големина на оваа островска нација, луѓето се постојано оптимистички настроени и издржливи, и секој ден го поздравуваат со чашка вотка, спремни да се справат со се што ќе им донесе. Во срцето на културата на Dupla Votka лежи љубовта кон музиката и танцот. Секоја ноќ, улиците се исполнуваат со звуци на реге, салса и меренге, додека луѓето неуморно танцуваат и ги слават убавините на животот. Луѓето во Dupla Votka знаат како да си поминат убави времиња, и секогаш се спремни својата среќа и радост да ги споделат со целиот свет. Тие се одличен пример за тоа што значи да се живее во моментот и да се прегрне светот со отворен ум и срце.
Делегат: Дарио Столески
DZVEZDALIA
Ѕвездалија е лебдечки остров кој е во постојано движење високо во земјината атмосфера. Речиси незабележлив со голо око, островот најчесто патува со облаците и се крие во облачните региони. Доколку го здогледате островот во вашиот предел, бидете сигурни дека времето ќе биде врнежливо бидејќи водата од петте прекрасни водопади на Ѕвездалија се прелева преку рабовите на островот и патувајќи низ облаците стига да ги освежи жителите на Земјата. Се верува дека дождот од Ѕвездалија има моќ да лечи рани, да го забрза растот на растенијата и е исклучиво ефикасен во гаснење шумски пожари.
Жителите на Ѕвездалија се вечно млади сѐ додека не одлучат да се спуштат на Земјата и да заживеат како луѓе. Овие суштества, познати како деца ѕвездалии, се раѓаат со ѕвезда во градниот кош и немаат телесна форма, ниту сетила. Создадени се од светлина и се чини дека имаат нешто налик наметка во пределот на грбот која им овозможува да летаат. Бидејќи се раѓаат како чиста енергија и не се способни да го искусат светот, нивната цел е да се здобијат со човечка форма и да живеат на Земјата, да соберат што е можно повеќе искуства, да ги разберат луѓето и целиот спектар на емоции и да апсорбираат и емитираат што повеќе позитивна енергија. Пред својата смрт, тие се враќаат на Ѕвездалија носејќи по еден значаен предмет, растение или животно. Кога едно дете ѕвездалија ќе умре, ѕвездата од неговиот граден кош се издигнува и се вселува во длабочините на универзумот. Се верува дека ова е еден од начините на кој се раѓаат нови ѕвезди во универзумот, а ѕвездалиите веруваат дека доколу овие ѕвезди се со позитивен набој, имаат повеќе шанса да поттикнат живот на околните планети. Поради ова, децата ѕвездалии се стремат да прават добри дела по секоја цена.
Флората и фауната на Ѕвездалија е разновидна — собирана низ милениумите од сите делови на Земјата. Може да се сретнат митски суштества, одамна изумрени растенија и животни, како и ретки видови што одамна ги нема на Земјата. Културата на Ѕвездалија е симбиотска ткаенина од сите култури на човештвото — жива архива на колективната човекова меморија, историја и искуство.
Делегат: Емилија Јосифоска
EFLEIDOR
Ефлеидор е островска држава во Сумеродниот океан со вкупен број на население од 20 милиони Ефлеидоре. Ефлеидоре е придавка за националноста на жителите во оваа островска земја. „Ефлеидоре“ е родово и специски неутрална придавка за националноста, така што, сите живи суштества коишто себеси се идентификуваат како жители на оваа држава се нарекуваат Ефлеидоре. Во Ефлеидор слободата на иднивидуата е клучна вредност, но мора да се исполнува исклучиво со паралелно исполнување на грижа за колективот и стремеж кон општата благосостојба на сите живи суштества во државата. Ефлеидоре распознаваат само три бои: океан (сина); земја (црвена); светлина (жолта).
Официјален јазик: Ефлеидоранто; Химна: Сонот на Ефлеидоре.
Делегат: Елена Данова
EMPATHYPHANIA
Емпатифанија е егзотична држава во која сите нешта емитираат светлина видлива со голо око. Кај луѓето, светлината изгледа како да ја допира надворешноста на кожата, но всушност извира од внатрешноста на срцето. Таа формира уникатен облик, зрачи со различен интензитет и се прелева во различни, живописни бои, во зависност од моменталното расположение на индивидуата. Поради оваа причина, не е возможно да се сокрие како се чувствуваш во моментот, но не постои потреба за тоа бидејќи во Емпатифанија, чувствувањето на сите чувства е апсолутно дозволено и пожелно. Доколку телото не е опкружено со светлина, значи дека душата умрела, но таа може да биде обновена, и во тој случај добива доброљубива светлина од другите луѓе. Различните емоционални состојби им даваат различен светлински изглед и доколку некој би ја погледнал оваа држава од огромна далечина таа изгледа како сноп од движечки и разнобојни диско светулки или збир од светли тела. Луѓето кои биле привремени посетители велат дека кога силно чувствувале некои емоции-дали на среќа, на тага, на гнев или на возбуда, или пак кога им се препушташ на отчукувањата на срцето и кога сето тело ти трепери, кога го чувствуваш тој необјаснив притисок во главата или во телото... доколку издржиш и на момент се препуштиш, ќе сфатиш дека си се нашол во диското на Емпатифанија. И свесно ужибај додека си таму, бидејќи со минимална сомнеж и чувство на вина, нажалост повторно се враќаш во сивилото на Земниот свет.
Делегат: Мила Поповска

ENDO
Endo е држава во која сите граѓани се смеат. Насмевката е најубавото нешто што го краси секое лице, па затоа главна цел на таа држава е да ги прави луѓето среќни. Во Endo владее рамноправност по секој основ, односно сите луѓе се еднакви и секој човек вреди исто. Не постои мизогинија, шовинизам, фаворизирање или дискриминација. Во оваа држава закоравените мислења се забранети, а се цели кон модерни, свежи идеи и идеали кои го носат светот напред. Иднината секогаш се става пред минатото и цел е да се натера секој човек да го гледа светот футуристички.Љубовта, почитта, среќата, мирот и другарувањето ја красат оваа заедница, секој помага секому и иако има компетитивност, нема зависти или омраза.
Мото: Use your smile to change the world but don’t let the world change your smile.
Делегат: Ивана Темелкоска
EUCLIDEA
Јуклидија е зелена земја во Јужна Азија која се граничи со Непал, Тибет, Бутан, Бангладеш и Индија. Изобилува со високи планини и извонредни природни убавини. Луѓето уште од мали се учат да ја сакаат и почитуваат природата како наш основен дом и да не ја загадуваат на каков било начин. Никој не поседува сопствен автомобил--луѓето се движат со пешачење, велосипеди или јавен превоз. Образованието во Јуклидија е многу поразлично од она во западниот свет: во првите 6 години се учи како да се води грижа за своето физичко, психичко и духовно здравје, се развива емоционалната интелигенција, се учи како се решаваат проблеми и се практикуваат најразлични видови уметност, а во подоцнежните години се воведуваат и стручни и академски предмети. Јуклидија е позната по малите ресторани со вкусни традиционални јадења подготовени со локални состојки, кои се разликуваат во различни делови од земјата. Национален пијалок е Absilamente, коктел кој содржи absinthe, tequila, crème de menthe, triple sec и цеден лимон, а се служи во мала чашка која на крај се дополнува со малку спрајт и се декорира со ливче свежа мента. Пропорциите на овие состојки се слатка тајна на секое семејство во Јуклидија.
Делегат: Стефан Лозановски
FAELAND
Faeland, или во превод, Самовилска земја, е држава која што постои од памтивек. Постои насекаде каде што има природа, која е поволна за самовилите - значи, ја има насекаде низ светот. За неа човечкиот свет пишувал и забележувал онолку колку што можел да види, па затоа постојат бајки кои на различни начини ги опишуваат самовилите, и голем дел од нив се точни. Она што човечкиот свет не го знае за самовилите е дека тие често праќаат свои претставници да се мешаат помеѓу луѓето, за да им носат на самовилите информации за модерниот свет. Така, меѓу човечкиот свет се инфилтрирани многу самовили, тие си работат сосема нормални човечки професии, и сите имаат некаков вид на уметничка дарба. Нашите први претставници на The Bridge беа едни од најобожаваните пеачи во самовилскиот свет, кои самовилската музика ја доближуваат до човечкото уво - Blackmore's Night.
Делегат: Ивана Маркоска
FELIXTERRA
Феликстера е земја лоцирана близу сите останати и со нив е поврзана по копнен, воден и воздушен пат, како сите би можеле лесно да патуваат и да ги одржуваат пријателските односи со другите народи. Во Феликстера секој има пристоен дом, и право на бесплатни основни ресурси за живот. Се става акцент на физичкото и менталното здравје, како и емоционалната писменост на луѓето. Во уставот на земјата гласи дека секој има право да биде среќен. Се става акцент на добрата едукација и градењето општество на одговорни граѓани. Се живее во хармонија со природата, а постмодернистичкиот животен стил е омниприсутен – anything goes. Политичкото уредување е polity по моделот на Аристотел.
Делегат: Маријана Аспровска
JOYFUL REPUBLIC OF FIGLANDIA
Сместена јужно од сè што познавате, Joyful Republic of Figlandia, позната и како Една земја во кулоарите на The Bridge, нуди топло добредојте на сите фантазии и можности. Зад честакот од диви смокви, сонцето ве опекува, а музиката насекаде се разлева. Нашите билки растат со песна, па неретко ќе ги видите жителите на J.R. Figlandia како потпевнуваат на штотуку посадено цвеќенце, чиниш нота по нота, коренот му се продлабочува. Локалниот јазик, е јазик над зборовите, разбирлив за добронамерните и неосудувачите. Во нашата земја нема порти и огради меѓу живеалиштата, оти ние си веруваме. Кај нас се собираат кармички поени, за добро дело кои ви овозможуваат пристап до слатко од зрели смокви во секое време. Немаме парична валута и сè функционира по пристап на размена. Веруваме дека секој заслужува исто и е рамноправен. Врховната власт е музичка, а религијата е иднината. Нашите води се волшебни, секој што од нив ќе отпие, посакува да ни се врати и пак да не посети, а сите посегнуваат по вода после слаткото од зрели смокви со кое ги пречекуваме. Штом влезете во водите, тие расфрлаат светлина. Таа светлина го осветлува новото време и секогаш со задоволство ве очекува. Нека биде светлина!
Делегат: Марија Каркалашева
GROOVELAND
Eднаш многу одамна, во близина на една река три семиња биле просеани низ ливада. Едно прераснало во убава роза, друго во лале, а третото во кактус. Како што растеле, цела ливада се прошарала со убави бои и нијанси на жолта, црвена, бела и зелена боја. Таквата ливада привлекла и голем број на животинки кои дошле да се восхитуваат на природната убавина и останале да си живеат во една заедничка хармонија. Потоа се населиле и луѓето и ја создала земјата денес позната како Grooveland. Името го добила по тоа што тука се слуша музика и се танцува во било кое време од денот. Секогаш, без оглед на се, тука не се прекинува со танц. Тоа е она кое носи позитивни вибрации и допринесува за хармонија и благосостојба на сечиј живот. На знамето е насликана касета која ја симболизира љубовта на оваа држава кон музиката. Касетата има и симболично значење дека животот е музика и секогаш без разлика низ што човек поминува, може да се премота и да се ужива одново и одново во животот. Кога и да дојде крајот на лентата, секогаш може да се почне од почеток и да се ужива уште повеќе.
Делегат: Оливера Бојковска
HANA

Делегат: Розе Стојовска
HERZLAND
Знаевте ли дека во еден ден срцето има околу 100,000 отчукувања? Уште пофасцинантно е што нашето срце секогаш ги зема предвид нашите емоции и афектни состојби и никогаш не може да биде прелажано? Ние во Херцланд многу ги вреднуваме овие особини. Од една страна имате нешто што е највредно и работи под секакви услови, а од друга страна нешто нежно, со преголема емотивна интелигенција. Жителите на Херцланд се емотивни суштества, со големи амбиции, кои ги вреднуваат вистинските емоции и вредно и посветено се борат за она во кое веруваат, и секој кој ги дели токму овие особини и верува во иднина полна со љубов, искреност и топло пријателство припаѓа токму тука. Ајде заедно да изградиме еден нов свет полн со љубов и разбирање. Herzlich WIllkommen in Herzland!!!
Делегат: Данчо Аризанов
HOLY LAND OF HD ( HD )
ХД постоела и ќе постои. Нејзината местоположба е – насекаде. Не секој ја знае, не секој заслужува, но оној на кој му е одобрен официјален влез доживува преродба. За влез во ХД не е потребно да имаш европски пасош, туку со самото одобрување жителство се добива МУЛТИПАС (мултипас е способноста сите жители да го запомнат твојот глас и мирис, што е практично бидејќи местоположбата не е фиксна). Искрена држава, каде не постојат предрасуди, која се води по едноставни правила и во која доминира љубов од секаков вид кон....се. Владетел од највисок ранг – Господин господин Х, меѓутоа повремено и по потреба се менува без проблем. Бројот на жители константно варира, но сите во државата се стремат кон целосна окупација. Неодамна се пронајдени докази за земјата, поточно од Господинот владетел, или владетелот Господин, но повеќе за тоа во некоја од наредните емисии директно од ХД со Сијка Пиштолова.
Делегат: Маја Димитрова
KONPHYUSHAN
Никој не знае како настана Конфјушан. Еден ден едноставно сите жители се разбудија во своите кревети и никој не знаеше кој е или каде се наоѓа или како се нашол таму. Во целата земја владее колективна амнезија и целата историја на земјата е една голема мистерија. Не помага ни тоа што земјата се наоѓа на непознат остров кој до пред кратко време беше скриен од остатокот од светот. Конфјушан е често посетувана од ентузијасти кои се заинтересирани во тајната на оваа новопојавена држава во која никој нема никакво сеќавање за својот претходен живот, предци и историја, но тешко е да се добијат било какви информации за времето пред „Денот на будење”, што е терминот кој домородците го користат за првиот ден на кој сите се сеќаваат. Секој жител на Конфјушан има свое живеалиште и навидум своја фамилија но бидејќи никој никого не познава земјата е полна со луѓе што живеат заедно, но ништо не знаат едни за други. Многу луѓе имаат и работни места за кои не знаат која е работата што треба да ја вршат и поради тоа целата држава функционира хаотично и нема никаков ред.
Делегат: Марко Гапо
KREKOSLAVIJA
Се започна како голем експеримент во една мала лабораторија
.
Човештвото беше во потрага по интелигенција поголема од таа што веќе беше постигната во животните околу нив. Започна со чипување на мајмуни но се раазбира, тоа беше само почетокот. Поминаа неколку декади и еве сме денес, кој би рекол дека едно мнозинство на жаби ќе постигнат толку голема интелигенција да ќе формираат свој систем во кој ќе функционираат сложно со екосистемот околу нив без нарушување на балансот во природата. Помина уште некоја декада, замислете, беше доволно да може да се воспостави комуникација помеѓу луѓето и жабите. Јас (Николас) имам огромна чест што сите овие информации можам да ги споделам од прва рака, бев назначен да го воспоставам првиот контакт. Нивниот делегат се викаше Дејзи, ние бевме мостот помеѓу нашите народи. Во чест на целиот нивен напредок беа поканети да учествуваат на најголемиот натпревар на музика некогаш направен,
The Bridge.
Учесници се бираат од најпрестижното школо за уметност во цела Крекославија. Основач на ова школо е маестро Томислав Жопов (види фото бр.1) кој го води најуспешниот хор Вирче Ацев. Како голем љубител на поезија школото е именувано по писателот Жабле Конески. Најпознатото дело во цела Крекославија се вика Ѕвездено небо и е нацртано од Винсент жаб Гог (види фото бр.2). Еднаш месечно, најистакнатите крекачи од цела Крекославија се одбрани да одат на Жалпите. Таму се качуваат со водичот Џираиа-Сама (види фото бр.3) кој ќе им биде водилка на нивното физичко и душевно искачување. На самиот врв расте магична тревка од која прават чај и ја горат во логорскиот оган. Чуден стимулант велат била, цела вечер се свири музика, слика, компонира, се смее и се плаче. Некои велат дека успеваат дури да комуницираат и со своите предци. Утредента кога ќе се симнат имаат искомпонирано песна со која Крекославија ќе настапува на
The Bridge.
Некои дури не ни памтат како успеале да ја напишат, отсвират, отпеат но сите велат едно исто, битна е дружбата.
1.

2.

3.

Делегати: Николас Стаменковиќ и Сара Стаменковиќ-Дејзи
KUMANISTAN
Куманистан е земја која географски има потекло од една мала точка на Планетата Земја која што се вика Куманово, но жителите на истата се стекнуваат со ексклузивно право да носат дел од неа со себе каде и да се наоѓаат, во која било димензија. Но, тоа не е единствената специфичност на оваа земја. Во Куманистан секој ден изгледа како божикна честитка, секое утро свежо напаѓан снег и мирис на топло чоколадо. Најголемото богатство на оваа земја (и тоа што всушност jа прави толкав магнет за туристи нели xD) е фактот што овде времето е флуидно. Жителите и посетителите можат да останат во еден миг долго колку што сакаат, а денови, недели, месеци се собираат во еден миг. Овде времето го споделуваме со вистинските луѓе, а животот е каков што ние сакаме да биде.
Делегат: Богдан Маневски
UNITED FEDERATION OF LIMBIA
Пред да се соединат во една држава, членките на денешната Соединета Лимбиска Федерација имале проблематичен почеток со години. Ситуирана на планинска територија полна со многубројни реки, езера и природни извори во главата на еден си Горјан Ивановски, таа имала плодна почва за секаков вид на конфликт. Најглавниот конфликт било регулацијата на рударењето и трговијата со благородните материјали кои се наоѓале исклучиво на територијата на сегашна Лимбија—од кои главниот бил минералот серотонин. Минералот бил најраспостранет во Амигдалија, која сакала да ја монополизира трговијата на серотонинот. Но откако се откриле и други минерали на останатите територии—имено минералот допамин во Западен Таламус и окситоцин во Лас Хипокампус, сите народи сакале некаков вид на контрола врз трговијата на минералите. Па затоа, по суровата војна и енормно пролевање крв, царот на Амигдалија Оскар де Метрин конечно ги свикал претставниците на останатите пет територии за да стават крај на конфликтот. Седницата била оддржана во Сертралинија, и во рамките на истата се потпишал мировниот договор помеѓу шесте територии во кој гласи дека сите земји членки ќе се грижат за природните богатства и минерали, и дека ќе допринесуваат кон подобрувањето на туризмот и општиот квалитет на живот во државата. Попат бил потпишан и договорот за унифицирање на шесте територии во една сложена единка со официјално име “Соединета Лимбиска Федерација” со главен град и седиште во Сертралинија и со Лимбиски (Limbian) како официјален државен јазик. Другите претставници на седницата биле Ива Бруфен, Лити Умов, Дина Зепам, Милан Тонин и Аце Томинофен. Граѓаните на Лимбиската Федерација денес живеат среќен и исполнет живот, освен кога треба да се одлучат кој ќе им е претставник на The Bridge Song Contest поради разликата во вкусовите. Баш поради ова беа близу до втора граѓанска војна, која за среќа немаше никаков официјален почеток но и до ден денес е народски позната како “Гранична манијакална војна” во која како главни оружја биле користени пасивна-агресија и намќорење.
Држави членки:
Amygdalia (Амигдалија)
Las Hippocampus (Лас Хипокампус)
East Talamia (Источна Таламија)
West Talamia (Западна Таламија)
Pinea (Пинеа)
Bas Alganglia (Бас Алганглија)
Главен град:
Sertralinia (Сертралинија)
Претседател:
Lora Zepam (Лора Зепам)
Делегат: Горјан Ивановски
LJUSLAND
Многу одамна, еден дел од планетата земја беше населен со луѓе кои буквално се раѓаа со природна дарба за музика и музицирање. Таму каде што беа населени, од секоја куќа се слушаше најразлична музика. Сепак, на луѓето нешто им недостасуваше, а тоа беше хармонија помеѓу музичките творби кои ги создаваа. Со време, станаа завидливи, па едни решија дека нивниот вид на музика е подобар од другите, па други направија исто така, и настана општо несогласување, кое полека прерасна во голема војна на звуци, во една голема какофонија. Се стана толку бучно и неподносливо, од што дури и велелепното преподобно музичко божество ЉУКИ-ЉУКИ се разбуди од својата дремка. Сакајќи да им помогне да го решат проблемот, ЉУКИ-ЉУКИ ја зеде својата месечева окарина и со сета сила ја фрли кон земјата. Од големиот удар се создаде многу светла експлозија, која направи голем кратер во форма на ѕвезда. Кратерот потоа се исполни со вода од подземјето, а почна да дува и ветер. Водата и ветрот кои поминуваа низ отворите на окарината создадода прекрасни хармонични звуци, кои го уловија вниманието на сите луѓе. Тие беа толку многу продуховени од новите звуци, па решија да ги имитираат и применат во својата музика, и така конечно музиката помеѓу луѓето се хармонизираше. Земјата повторно стана пријатно и спокојно место за живеење, исполнето со најразлична музика. Во чест на ЉУКИ-ЉУКИ, и одахновени од звукот и светлината на окарината, луѓето решија оваа земја околу езерото со окарина да ја наречат Земја на Светлината, или на шведски, омилениот јазик на ЉУКИ-ЉУКИ, Ljusland (шведски: ljus - светлина, land - земја).
Делегат: Љупчо Нечовски
ISLE OF MAKUTU
Зборот „макуту“ на маорски јазик значи „вештерство“, „магија“, а се опишува и како верување во злокобни окултни сили што ги поседуваат одредени луѓе. Легендата вели дека во 1506 година, Маорите ги однеле на мал остров среде Тихиот Океан сите оние што се поистоветувале со макуту, а таму со ланци ги врзале за дрвјата и оставиле времето да си го направи своето. Островот го добива своето име токму според оваа легенда, а и народот денес што живее таму се нарекува Макуту. За едни, ова е измислена приказна; за други, црна дамка во историјата – сепак, Островот Макуту (анг. Isle of Mākutu) денес се смета за едно од најсветлите и највредите места на светот. Изобилува со живописни природни бои, плажи што го одземаат здивот и на Макуту секогаш е лето. За народот се вели дека е еден од најсреќните на светот, а карактеристично за нивниот јазик е што е родово неутрален.
Делегат: Роберт Раман
MAHI-MAHI
"The land of Mahi-mahi" е земјата во која сакаш да живееш. Името го добива по рибата махи-махи, една од најбрзорастечките и најсилните риби на светот. На хавајски јазик "mahi-mahi" значи "многу силен" што е совршен опис на желбата за забава на жителите на оваа прекрасна земја. Секако дека во морето "Нално" царува рибата махи-махи, опкружена со помалку битната морска флора и фауна. Она што ја прави оваа земја посебна се забавите кои се организираат на секои 2 до 3 дена, на самото крајбрежје на морето. Секако дека непосредно пред забавите духови гребат по вратите на домовите на жителите за да ги потсетат навреме да се подготват за забавата која следи. Секоја забава започнува и завршува на ист начин а она што се случува измеѓу почетокот и крајот останува само таму. Имено, почетокот и крајот се состојат од перформанс на официјалниот танц на земјата, а песната на која танцуваат е впрочем и химната на The land of Mahi-mahi. Химната се вика Махинално и истата е во изведба на министерката за забава Вики Миљковиќ. Танцот се состои од урнебесно мрдање на телото и специфично држење на рацете кое го опишува движењето на рибата махи-махи низ солената вода на морето Нално. Во земјата може да дојде секој но максималниот престој е 5 години со можност за добивање на виза за траен престој само доколку во текот на 5 години жителот не пропуштил ниедна забава. Сите лица кои имаат бицепс со обем поголем од 40cm како и оние кои се повисоки од 2 метри исто така добиваат доживотна виза. Жителите на оваа земја не почитуваат правила бидејќи учат на грешките, а впрочем и ретко грешат.
Делегат: Марио Нанески
MATHNAUODA
Матнауода е унија што ги обединува сите народи и суштества кои со милении егзистираат во огромниот, вчудоневидувачки подводен свет (сите океани и мориња). Таму ние просперираме во целосна изолација од луѓето, а нашиот просперитет и опстанок во голема мера се должат на игнорантнста и незнаењето на копнените суштества. Ова “испливување“ пред очите на копнењаците, а како дел од музичката манифестација The Bridge, се случува за прв пат, но со причина. Со своето долгомилениумско постоење, подводните народи и општества се имаат развиено во секој аспект, и тоа многу повеќе од човечките народи и општества. Зад себе имаме развиено многувековни култури, развојот на науката е од немерливи размери, сме создале и создаваме уметност која ги допира сите сетила, и помага да откриеме нови. Но, со понизност ја признаваме супериорноста на човечката раса во маѓосната уметност - музиката. Причината поради која музиката се нема развиено во нашиот свет е од многу едноставна, физичка причина – звучните бранови патуваат на многу различен начин во вода и со тоа нивните карактеристики се изобличуваат. Нашата желба да се доближиме до ботаството наречено музика се преточи во проектот “Моусикаа” кој официјално започна да функционира на почетокот на 18от век. Целта на проектот е да испратиме претставници од нашите светови во човечкиот свет. Но, процесот не е едноставен и се базира на концептот на реинкарнација. Имено, се регрутираат доброволци чија енергија, по нивната смрт, ја превзема управувачкото тело на “Моусикаа” кои го започнуваат процесот на насочена реинкарнација. Енергијата мора да помине барем низ еден животен циклус пред да стигне до човечка форма. Кога е веќе во човечка форма може да ги истражува тајните на музиката.
Делегат: Костадинка Карова
NOMISALEM
Номисалем не е држава во мапа, него жителите на номисалем се трубадурски номади коишто константно патуваат од едно место во друго. На тој начин, целиот е свет е една држава и еден дом, сите припаѓаат без предрасуди или поделби. Традицијата трае со стотини години но никогаш немале застапен политички систем или еден лидер, него секој придонесува се што може за доброто на заедницата. Било кој може да стане жител ако ги пополнува условите: одрекување на претходно државјанство, прифаќање на нова религија и филозофија за живот, завет дека нема никакво убиство-човек или животно, децата се растат комунално, мора да се прими знакот-тетоважата на ‘државата’ којшто е истовремено и знамето. Културата промовира мир и љубов, но исто така крадење и зло е казниво со прогонство.
Делегат: Њомза Џафери
O
На две милиони светлосни години од планетата Земја живее нашата хуманоидна раса во една обединета планетарна нација под името О (всушност не е буква, а круг - најперфектната хармонична форма). Нашите океани се виолетови, планините зелени баш како на Земјата, а флората цвета постојано. Имаме 2 сонца. Имаме развиено начин да ги користиме сите позитивни чувства за да креираме обновлива енергија. Темелите на нашето постоење се во некомпромитираната хармонија на целиот екосистем, со тоа што во основата на вредносниот систем ни е најсилната емоција - љубовта. Сите облици на живот се надополнуваме едни со други и коегзистираме комплетно синхронизирано, поврзани преку вземна почит и љубов за се што значи да си жив. Од Земјаните научивме колку е забавно да се натпреваруваме и затоа сме тука.
Делегат: Мартин Илиевски
PANEMIA
PANEMIA е затвор во кој има само еден затвореник, Пане. Пане е владател на планетата Панета Реи која постои во универзумот благодарение на неговите емоции. Целата планета, нејзината форма, големина, локација, природа, состав на елементи, константно се менуваат во зависност од емотивната состојба на Пане. Кога жителите на планетата дознале дека Пане е одговорен за постојаните промени што се случуваат на планетата Панета Реи, одлучиле да создадат затвор доволно голем што би го заробил Пане и комплетниот негов панел на емоции и емотивни бури кои предизвикувале катастрофални незгоди на планетата. По долго барање, конечно ја откриле анална длабочина и нејзините масивни широчини, единственото место во универзумот каде би можела да се смести таква енормна структура. Но планетата Панета Реи не можела да постои ако емоциите на Пане биле заробени во PANEMIA. Жителите, за жал, па и не размислиле што ќе се случело со нив. Како казна за нивниот акт, планетата Панета Реи престанала да постои а жителите биле заробени во Панемониум. Емоциите на Пане, повторно за жал, почнале да влијаат на PANEMIA исто како што влијаеле врз планетата Панета Реи и постепено ја панеморфозирале PANEMIA, експандирајќи ја до максимумот на аналното, исполнувајќи го во целост. Сега PANEMIA е под контрола на емоциите на Пане. Бидејќи Пане е фин дечко, започнал по потрага на емотивна стабилност со цел да им овозможи смирен и стабилен живот на новите жители на PANEMIA. Се приклучува на The Bridge каде со помош на останатите мостовјани и мостовјанки верува дека ќе успее да ја најде.
Делегат: Пане Марков
PRILEP
Сместен на јужниот раб на сончевиот свет, Прилеп е мал, но горд град-држава каде воздухот мириса на сушен тутун, а улиците блескаат од белиот мермер. Сместен на јужниот раб на сончевиот свет, Прилеп е мал, но горд град-држава каде воздухот мириса на сушен тутун, а улиците блескаат од белиот мермер. Овде сонцето ретко се крие, ја прегрнува секоја улица и двор, и ги осветлува срцата на неговите жители. Прилепчаните се вешти резбари, кои мермерот го претвораат во разни творби, скулптури, шаховски табли и уметнички фасади. Прилепчани активно учествуваат во управувањето на градот преку јавни собири исполнети со поезија и музика, а лидерите се избираат според нивната способност да сеат хармонија и среќа помеѓу луѓето. Политиката е отворена, оставајќи простор секој да допринесе со својата креативност и љубов кон градот.
Делегат: Ѓорѓи Димески
PEOPLE'S REPUBLIC OF SKYRIM
Скајрим е студен и планински регион во северниот дел од континентот Тамриел на планетата Нирн. Државата традиционално е поделена на девет административни делови, наречени „тврдини“, секојa управувана од Јарл од поголем град. Преполна е со тврдини, кампови и урнатини, но и разновидни растенија и животни и пејзажи од долги ливади и жуборливи реки. Ја населуваат луѓе од различни раси – Каџиити, Црвеногарди, Норди, Орки, Аргонци, Елфови и многу други.
Во античкото минато, змејовите владееле со најголемиот дел од Тамриел. Нивната хегемонија била соборена кога тројца човечки воини го фрлиле Алдуин, владетелот на змејовите, напред во времето користејќи моќен и мистериозен артефакт. Преживувањето на последниот змеј, Партурнакс, е тајна чувана од монаси наречени Сивобради кои живеат на највисоката планина во Скајрим – „Грлото на Светот“.
Денес, љубезните граѓани од Скајрим ја следат филозофијата на Партурнакс, која се фокусира на Патот на Гласот. Гласот (Ту’ум) е моќ која ја имаат природно змејовите и во минатото ја користеле за зли цели и владеење со светот. Патот на Гласот е пат на достигнување внатрешен мир и самосовладување преку медитација и дисциплинирана употреба на Гласот. Неговото основно верување, објаснето со прашањето: „Што е подобро – да се родиш добар или да ја надминеш својата зла природа преку голем напор?“, го истакнува верувањето во личното искупување и можноста за избор над инхерентната судбина.
Делегат: Весела Трајкоска
STARDUST
Дали некогаш сте се запрашале како започнал универзумот? Никогаш нема да знаеме со сигурност, но научно се верува дека сите тешки елементи што го сочинуваат нашиот свет, како што се кислородот и железото, биле ковани во огнените срца на ѕвездите и фрлени во вселената кога експлодирале во супернова. Ѕвездената прашина не е само метафора за мистеријата и магијата на универзумот. Тоа е елемент што постои во се - од растенија, животините, па се до нас. Зашто ние не сме само луѓе, туку и Земјата - сите сме направени од ѕвездена прашина.
Инспириран од оваа идеја, Стардаст е земја на слобода и ценење на природата. Сите сме виделе како постојаната потрага по богатство нè тера да ги трошиме ресурсите на планетата додека речиси не ги исцрпиме, па затоа тука сите сами ја растат и одгледуваат храната и колку што земаат од природата толку и враќаат.
Конзумеризмот е скоро и застарена идеологија и сите продукти се реупотребуваат, оддржуваат, разменуваат и слично. Политичкиот систем е технократија додека образованието и здраствената заштита се бесплатни за сите. Во Стардаст не постојат организирани религии; сите заедно прославуваат големи креативни и симболични фестивали по повод промената на годишните времиња и други природни феномени и појави како фестивал на сонцето, карневал за жетва и слично.
Делегат: Стефани Стевановска
STRELITZIA
Strelitzia (Стрелиција) е местото каде од сѐ што е живо, песната се раѓа и таму вечно живее. Во оваа земја музиката ја создаваат сите тревки, цветови, гранки и грмушки, сите птици летачи и земни влекачи и трчачи, сите реки и езера и потоци брзи и оние кои никаде не брзаат. Јужните мирисни ветрови овде танцуваат со овие звуци и играјќи ги носат низ целата земја. Од век и веков се негува поезијата и мелодијата во овој музички рај. Кога музиката е верда и ритмична, чувствуваат сите организми и се размрдуваат и шаренеат, боите живнуваат и сѐ е во весел сјај. А потоа, кога денот одминува, музиката стивнува и станува нежна преспивна песна. Ги кани светулките и ѕвездите и месечината која нема темна страна. Овој природен музички свет е најголемиот уметник и творец во својата галаксија и секој е инструмент. Овој свет можеш да го замислиш, онаков каков што сакаш, а звуците, само ако таму отидеш.
Делегат: Анѓелина Кичукова
STRUGOSLAVIA
Во подрачје полно со вода и планини, живее народ со долга историја мир и соработка, и краток период на расправии. До скоро, одделени поради финансиски несогласувања, земјите Струџикистан и Мал Струџикистан, на последниот совет на Паткари го разрешија спорот за кајчињата и се согласија да се спојат во заеднички сојуз - Стругославија.Во подрачје полно со вода и планини, живее народ со долга историја мир и соработка, и краток период на расправии. До скоро, одделени поради финансиски несогласувања, земјите Струџикистан и Мал Струџикистан, на последниот совет на Паткари го разрешија спорот за кајчињата и се согласија да се спојат во заеднички сојуз - Стругославија.
Во оваа земја се спојуваат благодетите и на двете земји - Стругославија не признава ни еден етникум, националност или религија. Граѓаните не разликуваат помеѓу полови идентитети и сексуални ориентации и сите живеат според своите убедувања. Наградата за оние кои живеат по Стругословенски принципи е бесплатно животно што е вид на мачка, доведено во главниот град, кое ќе ве дружи во секој момент - гага Струга другар кугар.
И додека претходно луѓето биле поделени на оние кои живеат на земја и оние на вода, во новата Стругославија, ресурсите се поделени на фер начин, и секој може да го искуси животот на вода. Новото знаме ги содржи боите на водата претходно содржано на знамето на Струџикистан Минор. Струшкото кајче - претходно симбол на раздорот - сега е заменето со нотите на стругословенската химна.
Делегати: Гоце и Никола Докоски
STRUJIKISTAN(Денес дел од STRUGOSLAVIA)
Струџикистан е поранешна советска република, од словенско говорно подрачје, најслично на струшкиот македонски дијалект. Претежно планинска земја ситуирана околу „Струшкото езеро“. Земјата негува хипи култура, и не признава ни еден етникум, националност или религија, кои се забранети со првиот член од уставот. Интересен податок е и дека луѓето не разликуваат помеѓу полови идентитети и сексуални ориентации. Ни еден од тие термини не постои во струџикистанскиот јазик, и луѓето се слободни да живеат според сопствените инстинкти и убедувања. Како резултат на овие правила, струџикистанскиот народ се карактеризира со највисоко психолошко и сексуално здравје во Европа. Економијата на Струџикистан се состои во главно од туризам и извоз на софтвер и информатички услуги, а единствено увезува компјутерска опрема. Со сите останати ресурси потребни за прехрана и градежништво се снабдува самостојно и нема друга стоковна размена со остатокот од светот.
Делегат: Гоце Докоски
STRUJIKISTAN MINOR (Денес дел од STRUGOSLAVIA)
Мал Струџикистан е ново-формирана земја, енклава на Струџикистан, која се одделува и прогласува независност поради нефер третирање на бизнис интересите на локалните Паткари. Мал Струџикистан се наоѓа целосно на површина на Струџикистанското езеро и на една плажа на која има административни објекти. Животот во Мал Струџикистан се одвива скоро целосно на пловни објекти - култу рни и забавни настани се случуваат на отворена вода, каде секој доаѓа или во свое или во изнајмено пловило, создавајќи публика од стотици кајчиња, едрилици, јахти и останати пловни објекти. Ваквиот животен стил привлекува многу туристи кои сакаат да ги посетат водите на Мал Струџикистан и настаните кои се случуваат на нив. За тоа, треба да преминат или да престојуваат во околниот Струџикист ан, со што се создава еден вид симбиоза меѓу двете земји. Државјанство на Мал Струџикистан се стекнува со следење на етикумот на државјаните - „врати повеќе од тоа што си зел“. За да се почитува овој етикум потребно е граѓаните во секој момент да може да побараат помош од своите сограѓани, но да се спремни да помогнат во иднина на кој начин и да можат, без да очекуваат награда.
Делегат: Никола Докоски
UNITED ISLANDS OF OLLEGAARD
Обединетите Острови Олегард (анг.United Islands of Øllegaard) e островска група лоцирана во морето Namárië Ëar (анг. Farewell Sea) составена од четири главни острови. Островот Ennor е најголемиот и најнаселениот остров на кој се наоѓа и главниот град Олегард, кој е дом на скоро 25% од целата популарција на островите. Втор по големина е Áre, трет е островот Tar, а најмал е островот Urulóki. Обединетите Острови Олегард немаат државно уредување туку секој од четирите острови има еднаков удел во донесување на државните одлуки. Обединувањето на островите настанало во 1603 година кога на островот пристигнал тогашниот познат морепловец и истражувач Олегард кој за прв пат им го претставил останатиот дел од светот на жителите на денешната држава. Вкупната површина на истата е 38,285 km², а на истата живеат 558.945 жители. Елфскиот јазик е најшироко зборуван, притоа жителите на оваа земја после нивното откривање на светот започнуваат да создаваат нова верзија на овој јазик кој денес е позната како Олегардски јазик (Øllegaardian). Овој јазик како основа го зема елфскиот, но има значителни примеси на Исландски, Фарски и Германски јазик. Покрај Елфскиот и Олегардскиот, Квења е третиот официјален јазик во оваа земја и истиот се зборува на островот Tar. Знамето на Обединетите Острови Олегард се состои од два дела: 30% од знамето е во зелена боја што се должи на доста развиената индустрија за производство на секаков вид на билки (за медицински потреби и за потребите на магичните практики). Мечот кој е дел од зелената површина на знамето, го симболизира обединувачот Олегард. Вториот дел од знамето е синиот дел кој го означува Namárië Ëar морето кое ги опкружува островите, врз кој со руни е испишан мотив превземен од еден од античките храмови во Олегард. Се смета дека истото е клетва и до ден денес никој не се осмелил да го протолкува натписот. Во Обединетите Острови Олегард, отворео се практикува магија. Магијата се користи во секојдневниот живот на луѓето согласно нивните потреби. Населението е генерално поделено според нивните магични пракси, односно, 30% од жителите се идентификуваат како вештерки и варлоци и истите практикуваат античка магија. Елфите се втората група застапена со околу 28% од жителите. Тие за себе велат дека и служат на природата и истата ја обожаваат. 18% од населението се Друиди. Тие живеат изолирани во шумите и нивна најсилна страна се лековите. Тие се исто така познати по тоа што вообичаено имаат магични суштества во своите домови. Самовилите се само мал дел од населението и истите се доселени од соседнтие острови. Жителите на Олегард обожаваат традиционални инструменти и музика. Најраспространети жанрови се пагански фолк, средновековен фолк и религиозно пеење (chanting). Како најкористени инструменти се сметаат келтската харфа и флејтата. Жителите на овие острови исто така се доста наклонети кон природата и имаат огрома почит кон истата. Традицијата и фолкророт исто така ги негуваат, притоа историјата на островите, митовите, теоријата за магијата и сите други слични форми на уметност и наука се чуваат со посебно внимание и почит.
Делегат: Александар Аргиловски
AUTONOMOUS ZONE VERA
Автономната зона Вера е основана после антифаштостичката војна. Истата се состои од различни народи кои ја организираат заедно директната демократија и нивните животи. Зоната не верува во нации-држави, и истата црпи сила од сите историски отпори. Името го носи по партизанката Вера Ацева која во акт на индивидуален тероризам во борбата против фашизмот убива поп. Истата е организирана како комуни по хоризонтална структура но еколошките аспекти на истата се организирани на вертикална структура. Зоната нема лидер (Ni Dios, Ni Patron, Ni Marido). Економијата е локална и работи во склоп со природата. Слободата е највжна вредност за АЗВ.
Делегат: Јована Герасимоска
VISCARYON
“Вискарион” е остров со два претпознатливи градови. Првиот е Пиперленд и вториот е именуван како и самиот остров, Вискарион. Има и убави денови на овој остров но и лоши. На островот можат да се најдат највисоките врвови во светот, кои кријат длабоки тајни и мистерии. Поради уникатноста на самиот остров, само одредена група на луѓе можат да живеат таму.
Што е познато за ова место?
Тоа што во 1777 година на островот се пронајдени две јајца од змеј, каде подоцна тие пораснале и се уште живеат во тој крај. Имињата на змејовите се Фламерон и Вискарион. Карактеристично за змејот Вискарион е тоа што наместо солзи од очите, му течат капки од виски. Карактеристично за Фламерон е што тој има уникатна боја, комбинација од црвена и портокАлева и служи како заштитник на самиот остров. Тој е страствен и внимателен. Самата улога го објаснува тоа.
Делегат: Ени Вучидолова
UNITED UTOPIAS OF VLAD
Дали сонувате да живеете во земја без грижи и без проблеми? Добредојдовте во Соединетите Утопии на Влад (СУВ). Составена од седум џиновски стаклени куполи, кои оддржуваат сопствен екосистем, СУВ е една од најпосакуваните држави за живеење. Во секоја од куполите се протега огромен град со превисоки висококатници и многу вегетација. Популацијата изнесува околу 5,000,000 жители и секој жител го живее животот онака како што сака, без никакви препреки. Но да се стане жител на СУВ не е едноставно. Покрај високата интелигенција и посакуваните вештини мора да живеете и проберн период од една година во Тест државата на СУВ каде ќе бидете постојано надгледувани и на крај ќе биде одлучено дали навистина сте соодветни да бидете граѓани на СУВ. Секое дете кое ќе наполни 18 години исто така мора да ги помине сите тестови и пробниот период во Тест државата. Покрај целата совршеност, тајни интриги, тајни зделки и тајни договори кружат во некои од квартовите на СУВ. Но никој од жителите не знае за ова, затоа што пред се, оваа земја е утопија.

Делегат: Владимир Поповски
KINGDOM OF VLADILAND
Кралството Владиленд е островска земја која се наоѓа далеку на север, каде сонцето ретко се појавува, а каде владее зимата и студеното време. Земјата е кралство, а името Владиленд потекнува од човекот по име Влад кој ги обединил раскараните народи на островот и им го покажал правиот пат за живот во мир. На знамето е претставена круната која ја симболизира сплотеноста, обединетоста и еднаквоста на трите народи во една држава. Народот на кралството е многу вреден, весел и дружељубив кој постојано е во “борба” со временските услови. Меѓу луѓето секогаш владее слога и сите работи ги прават заедно. Храната, иако ја нема во изобилство, е секогаш вкусна, а трпезата полна. Музиката е секогаш инспирирана од природата и животните кои се составен дел од секојдневието на луѓето, а се изведува со инструменти рачно изработени од вредните раце на народот. Песните најчесто се со звуци автентични за северните земји, но сепак се следат и модерните трендови и одсоседите. Секој добронамерен патник е добредојден во Кралството, а во Кралството е се однародот и се за народот.
Делегат: Владимир Атанасовски
