Прескокни на главната содржина
THE BRIDGE
Почетна/Правила

Правила

Како функционира натпреварот

КАКО ДА УЧЕСТВУВАТЕ:

  • Учесниците се пријавуваат преку Фејсбук Месенџер или преку имејл и на администраторот му ги испраќаат следниве податоци: име и презиме, дата на раѓање, детали за контакт, и секако, име и знаме на земјата со која ќе учствуваат. Учесници/делегати кои сакаат за прв пат да земат учество во THE BRIDGE, пред активно да учествуваат, прво мора да проследат како гости едно редновно издание на натпреварот, или онлјан или со физичко присуство на местото каде се одржува изданието. Потоа, може да креаираат земја и да испратат песна за наредното издание. Од безбедносни причини, не се дозволува учество на лица под 18-годишна возраст.
  • Името на државата може да е напишано на кој-било јазик, но учесникот мора да приложи и соодветна транскрипција на името на латиница. Името не смее да вклучува навредливи и несоодветни зборови и фрази.
  • Пожелно е димензиите на знамето да бидат 600 х 400 пиксели, но се прифаќаат и други димензии, но мора да биде зачувано како слика во форматот .jpg или .jpeg. Знамето не смее да има навредливи симболи или симболи кои промовираат каква било форма на омраза или нетолеранција.
  • Учесникот, земјата и знамето мора да добијат одобрение од главниот администратор, Љупчо Нечовски, пред да се стекнат со право да учествуваат во натпреварите.
  • Учесникот може да ги промени името и знамето на својата земја доколку сака, но исклучиво пред започнувањето на ново издание на натпреварот.
  • Учесникот е должен да присуствува на изданието во кое се натпреварува, без разлика дали ќе е присутен физички на збирното место, или ќе следи онлајн преку платформата Дискорд. Делегат кој на три последователни изданија воопшто нема да биде присутен, ниту физички ниту онлајн, ќе биде спречен да учествува следното издание, по што е добредојден да се врати на изданието по тоа.

НАТПРЕВАРУВАЧКИ ДЕЛ:

  • Учесниците ги испраќаат своите песни на домаќинот/администраторот во рокот кој тој им го дава за испраќање песни.
  • Се прифаќаат исклучиво линкови од видеа на YouTube кои се достапни за јавноста. Доколку песната во прашање не е достапна на YouTube, делегатот кој ја испраќа мора да ја постави на платформата, во спротивно, ќе мора да одбере нова песна пред сите песни во конкунренција на едно издание да бидат објавени.
  • Секој месец ќе има по еден натпревар, и истиот ќе се реализира само доколку бројот на учесници е поголем од 10. Во дадена ситуација, образложена во секцијата за ПОБЕДНИК подолу во правилата, можно е да се случи да се прескокне еден месец, т.е. да се направи пауза од организирање на натпреварот.
  • Учесниците можат да ја испратат која-било песна од кој-било изведувач. Нема ограничувања околу жанрот, јазикот итн., но песните сепак подлежат на проверка и одобрување од страна на домаќинот.
  • Двајца или повеќе учесници не смеат да испратат иста песна и/или изведувач.
  • Се препорачува делегатите/земјите да не испраќаат песни подолги од 6 (ШЕСТ) минути. Доколку сепак се одлучат за таква песна, мора да приложат и скратена верзија на истата во лимитот од 6 минути која би се слушала/прикажала на самото шоу. Ова правило стапува на сила само доколку бројот на песни во едно шоу надмине 20.
  • Штом сите песни се одобрени, се поставуваат на веб-страната на THE BRIDGE и се достапни за преслушување.
  • За презентација на конечните резултати од натпреварите, за секое издание се одржува аудио-визуелно шоу кое оди во живо на комуникациската платформа DISCORD. За да можете да го следите истото, мора да креирате личен профил на DISCORD. Шоуто се одржува на следниот КАНАЛ.
  • На секое шоу, делегатот кој фигурира како домаќин на истото е пожелно да подготви ревијални забавни содржини за истото. Тоа може да бидат најразлични перформанси и презентации, кои би се прикажале/извеле по официјалниот дел на преслушување на песните во конкуренција на даденото издание. Ревијалниот дел не треба да трае повеќе од 20 минути.

ГЛАСАЊЕ:

  • Гласањето се отвора веднаш по објавувањето на песните од еден натпревар, и трае пет дена.
  • Учесниците гласаат за песните по Евровизиски гласачки модел: Се доделуваат поени 12, 10, 8, 7, 6, 5, 4, 3, 2 и 1 (12 за најомилената песна, 10 за втората најомилена итн. до 1 поен).
  • Гласовите се испраќаат на домаќинот преку Фејсбук Месенџер или преку е-маил, и штом еднаш се испратат, истите не може да се менуваат.
  • Учесниците не можат да гласаат за сопствената земја.
  • Доколку некој од учесниците кој што е обврзан да гласа не успее да ги испрати своите гласови во предвидениот рок, неговата песна се дисквалификува, и истиот нема право да се натпреварува во следното издание на натпреварот.
  • На секое шоу, главниот организатор, Љупчо Нечовски, презема обврска да го одреди редоследот на преслушување на песните, како и редоследот по кој делегатите ќе ги доделуваат своите поени при гласањето. Ова се прави со цел самото шоу да добие подинамичен карактер, и да се избегнат ситуации каде две или повеќе слични песни се ставени една до друга, или каде со текот на гласањето прерано би станало извесно која земја/која песна/кој делегат победил(а) на даденото издание.

ИЗДАНИЈА СО ПОВЕЌЕ ОД 26 УЧЕСНИЦИ:

Доколку за еден натпревар се пријават повеќе од 26 учесници, се применуваат следниве пропозиции:

  • На главното шоу се следат скратени верзии, т.е. исечоци од песните, дефинирани од делегатите кои ги испраќаат, во времетраење од 60 до 90 секунди. Овој колаж од скратени верзии на песните се проследува два пати во текот на вечерта, прво со најава на песните од делегатите, а потоа уште еднаш како потсетување што се имаме во конкуренција на даденото издание.
  • Наместо класично гласање, на вакво издание делегатите прво ќе ги рангираат сите песни во конкуренција освен својата, од прво до последно место од најомилената до најнеомилената. Според остварениот просечен ранг, 11 земји влегуваат во финалната рунда, по формула 10-те најдобро рангирани, плус земјата-домаќин доколку не се рангирала во топ 10. Доколку пак е рангирана во топ 10, во финалната рунда ќе влезе земјата на 11-то место.
  • По ова следи класично гласање и доделување поени од 1 до 12 според веќе дадените рангирања на секоја земја, и земјата со најголем број поени победува. Земјите кои се квалификувале зафиналната рунда ги доделуваат поените поединечно, додека пак гласовите на остантите земји-учеснички се доделуваат збирно, на самиот крај, како што се доделува елевоутингот на Изборот за песна наЕвровизија.

ПОБЕДНИК:

Победник на натпреварот е оној учесник чија земја и песна ќе соберат најголем број на поени. Доколку две земји имаат ист број на поени и се изедначени на првото место, се одржува супер-финале во кое учествуваат само изедначените земји, и сите учесници освен оние од изедначените земји даваат еден глас за својот фаворит. Доколку пак повеќе од две земји се изедначени за победа, се применува истото правило, но во ваков случај, изедначените земји имаат право на глас.

Победникот, односно делегатот на земјата која победила на даденото издание, се стекнува со право да смисли и предложи тема на која делегатите ќе испраќаат песни за наредното издание. Ова е главната карактеристика на THE BRIDGE, каде секое издание на натпреварот се споделуваат и натпреваруваат песни на веќе дадена тема од победникот од претходното издание.

Победникот исто така се стекнува со право да го организира наредното издание на натпреварот. Ова подразбира преземање на обврската за прибирање песни за тоа издание, како и гласовите за песните. Делегатот на победничката земја, доколку сака, може да ја преземе и улогата на водител на изданието со кое домаќинствува.

Доколку победникот смета дека нема да е во можност да ги исполни овие обврски, правото се предава на второрангираниот делегат на даденото издание. Доколку и тој/таа одбие да домаќинствува, правата одат кај треторангираниот, па кај четврторангираниот, и на крај кај петорангираниот учесник.

Доколку пак сите пет најдоброрангирани учесници на даденото издание одбијат да ја преземат обврската за следното, истата останува кај главниот креатор и организатор на THE BRIDGE, Љупчо Нечовски, но не повеќе од три последователни изданија. Во случај и по три изданија комплетно домаќинствувани од главниот организатор никој не се пријави да ја преземе обврската, наредното издание ќе се одложи за еден месец.

За сите евентуални нејаснотии или недоразбирања околу правилата, како и за сите Ваши предлози, критики и пофалби, можете да го исконтактирате главниот администратор и креатор на THE BRIDGE, Љупчо Нечовски, на следната е-маил адреса: dream.catcher.mkd@gmail.com